🎥📞 Настеска: Планинарењето е најдобрата зависност

You must need to login..!

Опис

И во време на КОВИД-19 наѓавме време да прошетаме по планините. Но во овој период сфатив дека колку повеќе пжограничувања има човекот толку повеќе има потреба да се спротивставува на истите, изјави планинарката Розе Настеска.

Најчесто сум планинарела во околните земји. Од поинтересните би ги издвоила оние во Турција, Мароко и Иран. Оваа година имам планови но сите се ставени сега под знак прашање. Планирана желба ми е Килиманџаро, вели Настеска.

-Јас секогаш на шала велам дека планинарењето е најдобрата зависност, вели Настеска и додава дека за жал луѓето кај неодговорно се однесуваат и не ја почитуваат планината.

-Не сакам да зборам колку дрвокрадци има и неодговорни луѓе кои со себе носат отпад и го расфрлаат по природните убавини. Се надевам дека совеста конечно ќе проработи кај нас, додава Настеска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twenty − five =