Настеска: Инвеститорот на Радика вилиџ морал да знае дека тоа е забрането подрачје за градење

You must need to login..!

Опис

Неодамна ИРЛ, но и Слободен печат објавија стории за она што се случува со градењето околу Мавровското Езеро. Таму се гради нова населба со атрактивни куќи, но целата ситуација е спорна. За ова во Утрински брифинг разговаравме со колешката Ивана Настеска од ИРЛ.

-Тоа е приватно село, „Радика вилиџ“, имаат градежна дозвола, 17 се готови, а за 9 е стопирана градбата. Но, важното е како тој проект стигна до таму да почне да се реализира. Второстепената комисија гопоништи решението за рушење. Ова е апсурдна ситуација. Проектот кој вклучува 87 викендички е предмет на Држвниот градежен инспекторат, вели Настеска.

Таму станува збор за скапи објекти кои чинат и по 200.000 евра.

-Ако овој проект се градел на друго место докумнтите ќе биле законски. Но тука се гради во заштитено подрачје и е повреден Законот за заштита на природата. Се градело врз основа на урбанистички план за Маврово-Ростуше донесен во 2018 година. Како што рече и проф. Грчев, ова е силување на плановите. Сега е овозможено да се гради врзоснова на предлог кој го поднел инвеститорот. Но, општината одобрила без да се осврне на Законот за природа. Инвеститорот морал да знае дека тоа е забрането подрачје за градење, вели Настеска.

Таму има проблем со водоводот и канализацијата.

-Инвеститорот најави дека вложува во пречистителна станица. Но, не е само тој проблем. Проблем е од каде ќе се најдат нови извори на вода, да не им се одземе водата на оние кои се веќе таму, вели Настеска.

Останува прашањето како ќе се реши целата оваа заплеткана ситуација.

-Во момнтов ниту се гради ниту се урива. Чудно е што искусен градеѓен инспектор во Маврово-Ростуше донел такво аматерско решение за кое знаел дека ќе падне на второстепена комисија, вели Настеска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 1 =