Наместо украси, Чаир купи две амбулантни возила, кровот на Мавровка ќе „зазелени“, разговор со градоначалникот Ганиу

You must need to login..!

Опис

Здравствениот дом во Скопје доби две амбулантни возила за транспорт на пациенти, донацијата од Општина Чаир. Средствата наменети за новогодишно украсување Општината ги пренамени за поддршка на здравствените служби во борбата против Ковид-19.

Оваа година немаше атмосфера да се слави и сите тие средства што беа планирани со буџет ги пренаменивме да купиме амбулатно возило. Сакам да им се заблагодарам на советниците на општинскиот совет со кој заедно го отворивме патот за реализација на ова хумано дело и едногласно на вонредната седница ја усвоивме одлуката овие возила да се донираат што побрзо и да бидат ставени во функција за ефикасна интервенција, изјави во Утрински брифинг градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Во редовни услови на живот поликлиниката Чаир има доволно возила да се покријат сите побарувања, но во време на пандемијава се покажа дека е потребна набавка плус возило. Ова го направивме од хуманитерен аспект и со добра намера. Идејата ја преземавме од ФФМ, бидејќи први оние се приклучија и купија две возила кои ги поклонија на Градската болница. На почетокот можеби имавме и мали критики зошто Чаир не е украсен но откако ја промовиравме идејата за возилата, истата беше добро прифатена.

Во своето гостување Ганиу се осврна и на соработката помеѓу градот Скопје, Општина Чаир и Здружението на сопственици на деловен простор во Деловниот центар „Мавровка“ кои потпиша Меморандум за поставување на зелен кров, кој ќе биде третиот објект во Скопје чиј рамен покрив ќе биде претворен во зелена оаза.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, во гостувањето во Утрински брифинг истакна дека овој проект видно ќе го подобри изгледот на градот и дека ќе придонесува и во еколошкиот аспект и прочистување на воздухот.

Целиот разговор со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven + 3 =