Наместо да биде дом на хуманоста и музиката, куќата на Есма се распаѓа

You must need to login..!

Опис

Куќата на Есма и Стево Теодосиевски, која по нивната смрт требаше да биде музеј на хуманоста и музиката, сега е ограбена и опустошена. Извадени се дури и санитариите, чешмите, однесена е и оградата, а дипломите и признанијата на Есма и Стево се фрлени во контејнер. Клучот од куќата го имаат внуците на Есма, кои го оспоруваат тестаментот на кралицата на ромската музика. И покрај валидниот тестамент на Есма не можеме да ја реализираме желбата на Есма и Стево Теодосиевски, куќата во која тие живеја, по нивната смрт да биде музеј на музиката и хуманоста. Ова денеска во Утрински брифинг го истакна претседателката на хуманитарното здружение кралицата Есма и Стево Теодосиевски, Зорана Костовка.

-Во тестаментот пишува дека куќата е сопственост на државата Македонија, на Министерството за култура, со нагласок да биде дом на хуманоста и дом на музиката. Оваа куќа е и така изградена. Ова е подарок од 726 квадрати кој Македонија го добила од Стево и Есма, со замислени поставки каде што ќе се види нивниот труд и работа.Тоа беше дамнешна желба за која со години говореа во сите медиуми, и Стево и Есма. Сега проблем прават внуците на Есма, кои сметаат дека куќата им припаѓа ним, и покрај тоа што не се споменати во тестаментот. Ние четири години одиме по судови, влезени сме во лавиринтите на правниот систем, а од Министерството за култура не се заинтересирани за нивниот имот, објаснува Костовска.

Стево Атанасов, еден од нејзините посвоени деца кој е композитор на многу нејзини хитови, и наследник на авторските права на сите нејзии песни, информира дека кога во 1992 година српските власти им понудиле на Стево и Есма да им изградат музеј во Србија, тие не прифатиле, бидејќи биле големи патриоти и се вратиле во Македонија, каде што на тврдината Кале ја изградиле куќата во која живееја до крајот на нивните животи.

-Поминаа четири години од смртта на Есма, а се уште ништо не е решено. Добивме одговор од Роберт Алаѓозовски и од министерката за култура Ирена Стефоска дека ќе се заложат желбата на Есма, која што е и валидна, на тестамент, да се исполни. Така ќе можат сите, од цел свет да доаѓаат и ја видат работата на Есма. Жал ми е што морам да кажам дека не знаеме каде се предметите на Есма кои сведочат за нејината богата кариера. Недостасуваат аудио и видео материјали, над 200 фустани, златни и сребрени плочи, пехари кои се надевам дека ќе се вратат, бидејќи кажано ни е дека ги земале внуците од братот на Есма, вели Атанасов.

Според проценката на претседателката на Хуманитарното здружение на Есма и Стево Теодосиевски, станува збор за предмети во вредност од околу 300.000 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 5 =