Наградата од Сеул, за најдобра жена пронајдувач во Македонија ја донесе Филимена Божиновска

You must need to login..!

Опис

Филимена Божиновска е добитничка на награда за најдобра жена пронајдувач, во организација на Коранската организација на жени пронајдувачи KWIA и светската организација за интелектуална сопственост WIPO. На натпреварот кој се одржа во Сеул, Кореја во конкуренција од 373 пронајдувачи од 28 земји, таа освои два медала за нејзините пронајдоци, за вечно млада кожа. За натпреварувањето и откривање на формулите за креирање на нови козметички производи Филимена денеска зборуваше во Утрински брифинг.

-Со помош на нашиот пронајдок, кремата против стареење и брчки, се стекнавме со награда во Сеул. Традицијата на креирање на козметика е долга 40 години, и токму долгогодишната традиција ми помогна да добијам две награди, бронзен и златен медал од Комисијата од светски рамки во Сеул, го започна разговорот Божиновска. Таа пред да се посвети на пронајдоците, беше асистентка на факулетот за детективи и криминалистика на Европски универзитет, на катедрата за Криминалистика. За да се посвети на изнаоѓањето на иновативни решенија ја напушти работата која и ветуваше блескава кариера.

-На почетокот бев малку исплашена, но со поддршката која ја добивам од семејството успевам да опстојам на нашиот пазар веќе четири години, креирајќи иновативни производи. Не е лесно да се биде жена иноваторка во Македонија. Има многу предизвици со кои постојано мораме да се справуваме. Полека успеваме да ги рушиме стереотипите кои се однесуваат на македонската козметика. За разлика од порано луѓето не се толку насочени кон странските производителите, ние секојдневно имаме се повеќе наши приврзаници кои се уверуваат во дејството на природната козметика, нагласува Филимена и најавува учество на слични натпреварувања и во 2021 година.

-Секојдневно сме во комуникација со врвни професори, дерматолози и технолози со кои разменуваме искуства и креираме иновативни формули. Во 2021 година очекуваме да има нови конкурси на кои секако ќе учествуваме и ќе се бориме преку нашите иновативни решенија за природна козметика да добиеме признанија и награди, вели Божиновска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + 18 =