Муцунски: Нема суштински реформи и напредок во владеењето на правото – имаме апстрактни ветувања без опиплива реализација

You must need to login..!

Опис

Во Собранието не мислам дека има бојкотирање и блокирање, има користење на механизми кои се типични за параментаризмот, а ако говориме за правење или неправење на кворум тоа е средство кое ВМРО-ДПМНЕ го користи, но е и средство кое што во овој парламентарен состав и СДСМ и ДУИ го коистат. Најбитно е тие што се суштински закони, посено поврзани со економската помош, здравствената заштита, Собранието во ниту еден момент не се поколеба дали треба или не треба да се донесат, изјави во Утрински брифинг пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Муцунски додаде дека улогата на опозицијата е да ги критикува законите кои што не се во корист на граѓаните со цел да се донесат подобри закони. Улогата на опозицијата е и да нуди решенија.

-За некои прашања кои што сметаме дека можат да бидат од помош има суштинско придвижување во самиот Парламент после средбата на Заев и Мицкоски, за други прашања не. Но тоа е и нормално. Улогата на опозицијата е да критикува и да нуди решенија. Доколку Владата и парламентарното мнозинство имаат желба опозицијата да прифаќа што поголем број на закони предложени од нив, тогаш треба да има капацитет да ги прифаќа амандманите и забелешките. Проблемот е што иако има многу флоскули кажани за демократија и отвореност, недостасува култура на дијалог. Тоа значи кога се носат суштински законски измени не е лошо претходно да се се седне со опозицијата. Но се оди по улица во еден правец – практично решенијата се земи или остави и ние како опозиција немаме намера да прифаќаме таква форма на политичка уцена. Може да се воспостави култура на дијалог во Собранието, но од мнозинството се потребни не само зборови, туку и дела. Во спротивно ќе се користат методи кои се типични за сите парламентарни демократии, вели Муцунски.

-Ние работиме на позитивни, афирмативни законски решенија, тие можеби заради токсичната политичка атмосфера која е создадена во Македонија не добиваат доволно медиумско влијание, но и таквите предлози мнозинството не ги прифаќа, вели Муцински.

-Оваа Влада е на раб да биде рекордер за злоупотреба на европското знаменце. Кога СДСМ беше во опозиција токму тоа го критикуваше најмногу и сите овие се прашањеа кои ќе влезат во Извештајот на ЕК и се лоши практики кои веднаш мора да прекинат. Дали ќе иде полош и ли подобар Изештајот да почекаме да излезе, но очекувам дека ќе има голем број на критики поврзани со состојбите во Собранието, со високата корупција, со владеењето на правото и практично веројатно ќе се нотира дека истите проблеми кои ги имаме години наназад остануваат.

-Мислам дека нема напредок во владеењето на правото и реформите во судството. Нема напредок во делот на законодавство. Да се вратите во овој парламентарен состав ќе видите дена не е донесена ниту една суштинска законска промена во делот на реформата на правосудството. Прболемите во обвинителскиот систем остануваат. Има селективни постапки кои се отвараат во степен на истрага, но многу мал број на обвиненија и да видиме како ќе бидат ефектуирани постапките. На Македонија и е потребна промена на Законот за кривична постапка, под итно реформа на Казнениот законик, на Македонија и е потребно носење на Граѓански законик, но не се отвора ниту збор за овие прашања. Никако да се видат тие реформи. Имаме многу апстрактни ветувања, а нема реализација, вели Муцунски.

Блокадата од Бугарија

Мислам дека недовербата во процесот на градење на добри билатерални релации со Бугарија треба да го градиме низ призмата на афирмативните и позитивните политики. Немаме добра оинфраструктура меѓу себе, немам доволна соработка во делот на културата, економијата, науката, така што добрите релации треба д асе градат низ оваа призма. Начинот на кој што Бугарија и одредени политичари во Бугарија се однесуваат кон Македониај е непримерно, некоректно и несоодвествува со тоа што значи европска вредност што би се очекувала од земја членка на ЕУ. Мое лично очекување и тоа е и став на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија од 2009 година заслужува отпочнување на пристапни преговори со Унијата.

Целиот разговор во кој Муцунски говори и за претстојните локални избори погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 11 =