Мустафа: Учениците се под стрес – сега им е потребна нашата поддршка

You must need to login..!

Опис

Сите професори во училиштата на ниво на град Скопје се вклучени во он-лајн наставата. Треба да ги оценуваме учениците и можам да кажам дека сме малку збунети, системски не се подржани овие работи а и не сите учениците се во можност да одговорат на оваа задача, изјави за Утрински брифинг професорката во гимназијата Никола Карев, Елвира Мустафа.

Сметам дека оценките ќе се сведуваат на полугодишната оценка. Тука ќе има многу реакции од самите родители, децата можеби ќе имаат помала оценка а ќе сакаат да ја поправат, што со ваков вид на настава ќе биде тешко.

Државната матура ќе се полага. Имаме координација во училиштето и ќе биде он-лајн со три члена комисија.

Факт е дека децата сега се затворени и како на социјални битија ова тешко има паѓа. Мораме да ги сфатиме и на секаков начин да им помогнеме, рече Мустафа.

Имаме е-дневник кој не функционира. Имаме барања од Министерството кои се тешко остварливи. Тоа е страшно, изјави Мустафа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + twenty =