🎥📞 Муслиу: Опцијата која ќе промовира надеж за добра иднина ќе успее на овие избори

You must need to login..!

Опис

Негативната кампања не е паметна стратегија. Таа не може да најде публика кај неопределените. Таа служи за сузбивање на своите гласачи. Онаа партија која ќе успее наредните недели да промовира опции за надеж, таа ќе успее. На граѓаните им е преку глава кога партиите се трудеа да ве оттргнат од противникот а не да ве привлечат кон себе, изјави за Утрински брифинг политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу.

-Мене ми е мило што најголемите партии беа внимателни со вокабуларот за предлогот на ДУИ. Партиите сега се поискусни. Ова да се случеше пред 10 години ќе беше начекано со напади, а тука ДУИ ќе се обидеше да профитира, изјави Муслиу.

КОВИД е тема за која се добиваат или губат избори. Мислам дека кај нас свеста и чувството кај граѓаните е релативно смирено од оној страв. Бевме сведоци дека начинот на кој се менџираше процесот му даде „буст“ на владејачкото мнозинство. Доколку бројките од вториов бран се смират до 5 јули тоа ќе ги охрабри и граѓаните да излезат. Јас сум сигурен дека бројот на гласачи е смален од 2016. Аргументите околу тоа кому би му одговарало поголема или помала излезност не можат да се применат и во оваа ситуација бидејќи се работи за предверемени избори, додаде Алберт Муслиу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + sixteen =