Муслиу: На авторитарните политичари од Балканот, нема да им одговара Бајден како прв човек на САД

You must need to login..!

Опис

Имаме најголема излезност на изборите во САД, што е заслуга на двајца кандидати. Демократите беа тие кои инсистираа да се гласа по пошта, што говори дека резултатие сега што се бројат или ќе се бројат се во полза на Бајден. Со елеторални гласови води Бајден. Му требаат две победи – во Невада и во Аризона каде води. Во Аризона шансите на Трамп се мали. За Џорџија и Пенсилванија големата разлика која што ја имаше Трам се намалуваше како што се бројат гласовите пристигнати по пошта, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Алберт Муслиу.

Кампањата беше прилично тензична. Демократите инсистираа на мерките на ковид, од другата страна Трамп се трудеше да ја релативизира опсаноста од пандемијата и очигледно двете страни успеаја ако се гледа излесноста. Но партиската поделба во САД никогаш не била поголема. До утре би требало се да се знае, но како одат работите и кави се најавите ќе има и серизна и правна битка. Во Америка едно е неизбежно дека на 6.01.2021 ќе има инаугурација, вели Муслиу.

Мислам дека првиот говор кој го оддржа синоќа Бајден е обединувачки. И кај републикаците постои став дека некои нетрадиционални постапки на Трамп не се и нивна политика. Затоа сметам дека и тие би биле покооперативни. Бајден има големо искуство и во работата на Сенатот и на Конгресот, додава Муслиу.
Под претпоставка доколку Бајден стане претседател сметам дека Балканот нема да биде игнориран. Не верувам дека во глобалната слика ќе се промени политиката кон Македонија и Балканот, но за некои политичари кои се трудат да бидат авторитарни, Бајден како прв човек на САД нема да им одговора, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four − two =