Муслиу: Изјавите на Димитров се неумерени, се работи за лични суети или политички аспирации

You must need to login..!

Опис

Ова е последна година на мандатот на претседателот на Албанија, Мета и неговиот однос со сегашната Владата на Еди Рама е лош и таму треба да има гласање за негова смена. Мене ми беше чудно што и досега немаше посета во Македонија од негова страна. Тој е еден од најстарите политичари на Балканот, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Алберт Муслиу.

-Тој ги знае сите политички структури на Балканот и мислам дека со неговата посета се трудеше да остави некое чувство на неутралност и незаземање страна во однос на политичките партии во земјава.

-Неговиот однос во нашиот спор со Бугарија беше коректен. Не зазема страна, но се залага и за интересот на албанската заедница и на Македонија во однос на целиот еу-интегративен процес, вели Муслиу.

-И за мене беше изненадување вчерашната прес-конференција на Никола Димитров. Тој никогаш не бил политичар, туку бил дипломат, така што за дипломат таквите зборови кои ги кажа вчера се неумерени.

-Да се врти водата дека се нема доверба во Бујар Османи, бидејќи е Албанец е најпогрешен пристап.

-Нашите искуства покажуваат дека дури и амбасадори во Бугарија кои сме ги имале, најхрабри потези во интерес на македонската заедница правел амбасадор кој бил Албанец.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + 19 =