Муслиу: Зошто да не – Северна Македонија како 51 земја членка на САД

You must need to login..!

Опис

Во целиот овој период кога се зборувале дека ЕУ нема алтернатива, секако дека најгласни биле оние кои нуделе алтернативи кои водат кон исток, но кај нас не сме имале посериозно елаборирање на можната алтернатива која води подалеку на запад, која е докажана алтернатива. Од 90-та година еден од главните гаранти и стратешки партнери биле САД, и ако ништо друго во нивната надворешна политика има конзистентност – ако ти се пријатели и ако си во нотрмите на либералните западни општества, мислам дека од нив никогаш не фали ни помош, ни охрабрување. САД секогаш биле суштински гарант на целиот процес. Така што алтернативите се секакви – поголемо зајакнување на нашето партнерство со нив, па дури и можеби да станеме 51-ва земја членка на САД. Неспорно е дека Американците во нашето општество, независно од етничките линии имаат голема поддршка. Ако ништо друго покажале нешто што нам ни фали во овој процес на ЕУ интеграции, а тоа е конзистентност на партнерот. Не е ова прв проблем кој го имаме со ЕУ, но мислам дека овој пат ЕУ многу слабо се труди, своите обврски ги исполни, изјави во Утрински брифинг аналитичарот и политиколог, Алберт Муслиу и додава дека ова општество веќе подолго време не е европско, туку евро-атлантско и во сите битни институции на ова општество се и Канада и САД, вклучувајќи ја и ЕУ.

– Нашите општествени ориентации не се косат со главните принципи на американското оппштество – слобода, еднаковост. Исто така знаете дека имате стабилен партенр кој кога нешто ќе се договорите ќе го исполни. Ова треба да биде поттик до ЕУ да ги исполнува своите обврски, затоа што ова општество помина низ сериозни катарзи. Согласно нивниот Устав има основни принципи – федерација која се ширела низ годините и има основни приниципи кои ние ги исполнуваме, а тоа се три – Треба да имаме јасно изразена волја, ја нема сомнеж дека во Македонија во било кој референдум да се потегне за членување во таа федерација, големо мнозинство на граѓаните би биле За, второ е територијата да има капацитет на државност, што ние сме го докажале и третото е да ги прифаќаме основните принципи на нивното демократско општество кое ние го прифаќаме. И да не заборавиме дека голем дел од нашите државјани се таму стационирани. матене во било кој поголем објект, аеродром, јавна површина, ќе најдете некој од Македонија или од регионот, вели Муслиу,

Целиот разговор со политикологот и аналитичар Муслиу погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − twelve =