Муртезани: Како резултат на помали инвестициски потфати во можност сме да ја пуштиме меѓународната железничка линија Македонија – Косово

You must need to login..!

Опис

Стартува железничката линија Скопје – Приштина. Како линија е замислена пред се за патниците кои доаѓаат од Приштина за Скопје. Во 7:10 тргнува од Приштина а во Скопје пристигнува нешто пред 10 часот.

Исто така од 16:10 имаме воз кој од тргнува од Скопје за во Приштина да пристигне околу 19:10.

Оваа линија беше прекината околу една година пред се поради недостаток од влечни средства, но како резултат на помали инвестициски потфати сега сме во можност да ја пуштиме првата меѓународна линија Македонија – Косово.

Со мала посветеност од двете железници мислам дека ќе има патници, така што наше е да го промовираме како поеколошки и граѓаните да се навикнат да ја користат железницата, изјави директорот на Македонски железници, Орхан Муртезани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × four =