Муратов: Имаме стратегија за Ромите само на хартија, која кога ќе заврши се’ се заташкува

You must need to login..!

Опис

-Ромите не се само Роми за 8-ми април, тие се Роми и утредента. Видовме изјави дека се ќе биде супер, но еве денеска, после четири дена Ромите веќе никој не ги спомнува. Тоа е она што се вика бавен процес – изјави дека ќе има некаква стратегија, имплементација, вработување , изјави во Утрински брифинг, новинарот и граѓански активист, Дехран Муратов.

Муратов вели дека во државава се постои на хартија.

-Ние така функционираме. Сите Закони постојат на хартија. Имаме убави Закони, но кога ќе дојдат за имплементација тие како да заташкуваат.

-Имавме стратегија за Ромите до 2021. Сега имаме нова стратегија. Она што е интересно е што ние правиме стратегии и тие кога ќе заврши таа стратегија тука се завршува.

-Не е потребна нова стратегија, тука истата треба да продлжи. Ако имаме стратегија за вдомување, за вработување, и ако тој проблем се заврши, ние веќе треба да бараме нивно внесување во системот, а не да ги оставиме на улица и да се снаоѓаат како знаат и умеат, бидејќи тие повторно ќе станат терет на државата, додава Муратов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × one =