Муратов: Ако сакаме да бидеме дел од Европа мора да се напушти концептот на фаворизирање етникуми и национализам, да се вратиме кон почитување на различностите, културите и почитување на способноста

You must need to login..!

Опис

Јас сум позитивниот пример и можност да се каже дека постои возможна мисија да успееш како Ром, во неромски средини. Кај нас имаме една перцепција да бидеме моноетнички – имаме невладини организации само со Роми, медиуми само со една или друга етничка заедница. Затоа велам дека јас сум еден од ретките примери каде што работав една мулти етничка средина. Не работам во ромска средина, не работам само за ромските прашања, да, се борам за правата на Ромите и за недискриминација , но исто така се бориме и за правата на ЛГБТ заедницата, за правата на жените, правата на Македонците, Албанците, Турците…, изјави во Утрински брифинг новинарот и граѓански активист Дехран Муратов.

Напредок има. Тоа се гледа. Еден од нашите прокети, и заложбите е борбата со хибридните закани и лажните вести, дезинформации и говорот на омраза. Во текот на Евровизија имаше еден статус „малечката циганка која се мажеше во Белгија – порасна“, наведувајќи на презентерката од Белгија која ги ппрезентираше резултатите, алудирајќи на една несреќна случка и се добива перцепција дека сите Ромки се мажат на 12, 13, 15 години. Но она што е статистика е дека поголем број на жени Ромки завршуваат високо образование, за разлика од мажите, но тоа не е претставено и кажано во медиумите.

Ако сакаме бидеме во чекор со Европа и сакаме да бидеме дел од Европа и граѓани на Европа, мора да почнеме да го напуштаме оној концепт на фаворизирање на етничката припадност и национализам, туку да се вратиме кон она што значи почитување на различностите културите и почитување на способноста. Работата на одреден човек треба да биде приоритет, а потоа етничката припадност. Затоа велам, можеби сум еден од ретките кој што никој не го прашал што е по етничка припадност, додава Муратов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + 3 =