Мумин: Македонија има телентирани боксери подготвени за големи успеси

You must need to login..!

Опис

20 пати сум бил првак на Македонија, три пати освојувач на златен гонг, бронзени медали по европските првенства. Веќе 5 години сум во пензија којаи ги искористив да отворам академија и да им овозможам на младите да го запознаат овој спорт, изјави во Утрински брифинг боксерот Вели Мумин.

Сите сегашни боксери беа на камп во Охрид. Од таму одвоив десетина луѓе и меѓу нив е Аземи. Со тој дечко и со уште други двајца мислам дека ќе имаме многу успеси, вели Мумин.

Со пандемијава од Ковид-19 имаме малку проблем и стагнираме додека трае оваа криза. Тренираме на кеј и избегнуваме затворен простор. За да се стане боксер потребна е храброст. Талентот е 5%, тренингот е 90%. Потребни се медали од првенства за да се стигне до професионален боскер каде што полесно би се дошло до појас, изјави Мумин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 4 =