Муареми: Никој криминалец не вели „повели докази“, треба време за истрагите и соработка со Обвинителството

You must need to login..!

Опис

-Наредниот период ќе биде интересен. Ќе ги објавиме сите предистраги што ги работевме измиатиот период. Јавноста треба да биде информирана, а ние транспарентни.

-Со ЈО имаме добра соработка, но со Обвинителството за организиран криминал и корупција не сме имале добра соработка, но ние не се предаваме и упорни сме да ги добиеме се она што ни е потребно и во наша надлежност за да си ја завршиме нашата работа.

-Јас овие две три години размислував каде се проблемите, но не можам да извлечан заклучок. Дали е системски или личен незнам но секако дека тоа не иде во полза на правната држава.

-Во предметите кои што се од кривичен аспект треба време, бидејќи некој кој сакал да изврши кривично дело тоа може да се случува две три години, а ние за да го откриеме целиот случај најмалку ќе ни требаат 6 месеци за да дојдеме до доказите. Треба време и начин да се дојде до клучните докази. Но клучна е соработката со обвинителството и на тој начин да се убрза постапката.

-Во одредени предмети не ја добиваме поддршката, ние сме на иста линија и треба да имаме меѓусебна соработка.

-Случајот со Електрани е во тек, кај нас нема политички влијанија, претреси правиме често. И ова требаше да остане тајно во предистрага но одредени луѓе излегоа и зборуваа за случајот. Кај нас не е само еден случај кој се води за ЕВН кој верувам дека за брзо ќе бидат завршени а јавноста ќе биде информирана, Арафат Муареми, директор на управата за финансиска полиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

7 − 4 =