МРТ и вечноста на реформите, разговор со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски

You must need to login..!

Опис

МРТВ е јавно претпријатие со формална независност, кое што има свој сопствен буџет и свој управувачки орган. Во последните три години има потрошено над 50 милиони евра јавни средства и тоа се навистина многу пари за локален медиумски пазар и затоа за ЗНМ МТРВ е секогаш важна тема. Таму работат околу 900 луиѓе, известуваат на најмалку 6 јазици, имаат покриеност на целата територија на оваа држава и сите ние ова го плаќаме. Во последно време стана повторно актуелна оваа тема, бидејќи имаше информации дека во Собранието ќе се направат одредени измени во регулативата а со цел да се смени програмскиот Совет, тело кое што има 13 членови и тие беа избрани на 15.12.2014 со мандат од пет години, што значи дека година и повеќе се над својот мандат, но законот со одредени измени им дозволи откако ќе им заврши мандатот да им се продолжи, изјави во Утрински брифинг извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

Тие 900 луѓе внатре имаат одреден менаџмент и тука централна фигура е директорот кој е избран од програмскиот Совет, но истиот тој изменет закон му го продолжува мандатот од три години не само на директорот туку и на заменикот директор, што говори дека кога се брза со законите, законодавецот може да направи превид каде ќе има конфликт на одредени членови во законот, вели Секуловски.

Ние се радуваме на мали успеси во МРТВ. Тие успеси значат, бидејќи претставуваат една волја дека има некоја иницијатива да се направи нешто подобро со овој сервис. За последните избори, оценката е дека јавниот сервис е пристоен, што значи дека кога се има политичка волја јавниот сервис може да известува, вели Секуловски.

Финансиката независност е вториот столб со цел јавниот сервис да има условна независност. За оваа година имаме еден проблем. За оваа година е предвидено 11 милиони буџет, што е реален проблем, бидејќи лани беа отворени четири нови канали, имаат потреба од вработување на нови луѓе, и во услови кога се кратат финасиите тоа нема да се одрази добро на јавниот сервис. Оваа недела имаме намера да организираме дебата помеѓу менаџментот на МРТВ и преставници на медиумските организации, новинари. Сакаме да прашаме околу стратегијата која ја носи програмскиот совет, но и да прашаме кои се ппроблемите, зошто буџетот е толку намален, дали ќе направат нешто, што тие мислат за законските измени, вели Секуловски.

Целиот разговор со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − seven =