Моќта, одговорноста и отчетноста на социјалните медиуми, разговор со Стојановски од „Метаморфозис“

You must need to login..!

Опис

Работата е поголема од само со случајот со Трамп. Се работи практично за процес на дефинирање на која е всушност улогата на овие платформи (ФБ, Твитер…), како во рамки на општеството така и во рамки на правниот систем. Во рамки на правниот систем тие не се водат како јавни простори туку се работи за системи кои ги нудат приватни фирми и функционираат според кои тие приватни фирми ги имаат наложено. Кога стискатe „се согласувам“ вие всушност потпишувате правен валиден договор со таа компанија, а условите ги одредуваат нивните сопственици, изјави во Утрински брифинг Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси од фондација за интернет и општество „Метаморфозис“.

Во рамки на нашиот правен систем кој е дел од европскиот правен систем каде крајна инстаца е ЕСЧП има одлуки со кој што се кажува дека издавачи, но и он лајн платформи се одговорни за коментари од корисниците. Има еден слулчај во Естонија во кој што ЕСЧП пресудил дека оваа држава била во право што казнила веб сајт заради тоа што дозволил одредено време да има анти-семитски коментар.

Целиот разговор со Стојановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − one =