Мојсовски: Очекувам петтиот пакет мерки да биде донесен на 23 март

You must need to login..!

Опис

Иако имаше предлог од претседателот на Собранието за онлајн седници сепак не најдовме заеднички јазик со опозицијата, ни се натрупаа околу 2.000 амандмани и потоа овој закон беше повлечен. Во моментов имаме некои почетни преговори во процесот „Жан Моне“.

На 23 март закажана е седница на која треба да се разгледа законот за носење на петтиот пакет мерки за економска помош и мислам дека ќе најдеме некој заеднички јазик, според информациите со кои располагам во редовите на А/АА има расположение да се даде поддршка. Во однос на блокадите на Собранието со илјадници амандмани и бојкотирањето на носењето и блокирањето на околу 130 закони сметам дека местото на секој пратеник е во Собранието каде треба да се дискутира, да се дебатира за да се донесат подобри закони што ќе бидат применети во подобро функционирање на самата држава вели пратеникот од ЛДП Боби Мојсовски.

Целиот разговор каде Мосовски говори и за иницијативите поврзани со изборниот процес во Северна Македонија погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − eight =