Мојсовски: Моја заложба е масовно враќање на младите на улиците и во спортските арени – да се врати оној спортски дух кој некогаш го имавме

You must need to login..!

Опис

-Пет атлетски стази на отворено ни се во програмата за капитални инвестиции за 2020. Дом за секоја федерација би било одлично. „Партизан“ во Карпош ќе биде реобновен и тоа ние го правиме како АМС и ние го доделуваме на општината. Тоа веќе станува општинска просторија која го дава на клуб или федерација. На сите федерации ќе бидат поделени објекти и се што ќе остане, а е значајно за самиот град се дели на општинските управи, изјави во Утрински брифинг директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски.

-Како Агенција ги помагаме сите федерации па и ФФМ. За моја среќа директор сум 6 месеци, се случи пласман на фудбалерите на ЕП, ракометарите се стандардни на ЕП, одбојкарите и кошаркарите се тука, поедничените спортови се креваат и имаме едно помасовно учество на Олимписките игри. Пласманот на фудбалерите е историски и е поддржано од цела Македонија. Секој прв настап на големо наптреварување е тешко, вели Мојсовски.

-Капиталните инвестиции ни се приоритет. Почнати се шест пливачки базени, ќе објавиме нови четири. Ќе се реобнови големиот струшки базен и почнауваме да градиме интензивно. 99% од салите не се греат, работиме и на тоа поле.

-Самата пандемија покажа колку е важно спорувањето во младите години. Покажа дека поактивните со спорт короната ја прележаа на нога. Децата се затворија дома, моја заложба ќе биде масовно враќање на младите на улиците и во спортските арени. Да се врати оној спортски дух кој некогаш го имавме, додава Мојсовски.

Целиот разговор со првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =