Мојсовска: Преку новата методологија самата држава ќе има една траекторија на раст и развој

You must need to login..!

Опис

Методологијата станува составен дел на идните преговори со земјите кандидати. Таа методологија во Македонија се прими со тивка еуфорија и притаен страв. Што носи таа? Надеж или многу повеќе обврски?

Методологијата ги носи и едното и другото. Од една страна покажува дека членството во ЕУ нема да се добива така „лесно“ како што земјите кои веќе влегоа во ЕУ го направија. Некои од нив влегоа и со неисполнети критериуми, посебно во економскиот дел.

Силвана Мојсовска, универзитетски професор на Економскиот институт при УКИМ

Оваа метологија покажува дека ние ќе бидеме многу поригидно оценувани. Оттука стравот, но и надеж дека ќе бидеме поспремни: Доколку ги почитуваме тие аршини кои ги поставува ЕУ, самата држава ќе има една траекторија на раст и развој, изјави во Утрински брифинг, Силвана Мојсовска, универзитетски професор на Економскиот институт при УКИМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − one =