Морачанин: Фонд за животна средина веднаш, наменет за намалување на загадувањето и за праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

You must need to login..!

Опис

Потребно е да има еколошки такси/еколошки данок. Во таа смилса и ова дополнително вовдеување што би означувало дополнителен данок на горивата, бензин, дизел – фосилни горива, а целта на „зелените“ и генерално на целата ЕУ е да се напушти користењето на фосилните горива, како јаглен, нафта, а да се преминува на користење на обновливи извори на енергија, пред се сонце и ветер. Тоа е целта која треба да се постигне, изјави во Утрински брифинг претседателката на ДОМ и пратеничка во Собранието на Северна Македонија, Маја Морачанин.

-Мора да се обрне внимание на соцвијалниот саспект, да не биде удар само врз граѓаните, туку основниот принцип во овие промени е загадувачот плкаќа. Значи оние кои најмногу загадуваат тие мора да понесат и најголем терет во промените, додава Морачанин.

-Со години наназад бараме воведување на Фонд за животна средина. Не е само таксата од горивата. Има многу основи кои се оданочуваат точно заради зааштита на животната средина, како некој вид на еколошки данок, но тие потоа одат во заедно во буџетот и потоа немаме претстава за што се трошат и каде се трошат, како и дали намената со која се собирани потоа е истата и за трошење. Затоа мора д асе обезбеди да се формира таков фонд каде ќе се собираат сите овие средства кои се однесуваат за животна средина. Пологично е прво да се направи Фондот и до сега тоа требаше да се направи, додава Морачанин.

Целиот разговор со лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, каде таа говори и за разговорите околу евентуалните идни коалиции во пресрет на локалните избори погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + nine =