Морачанин: Остануваме дел од коалицијата

You must need to login..!

Опис

Мислам дека е потребно дообјаснување, станува збор за две различни работи кога зборуваме за заедничкиот настап во коалицијата и поддржувањето на владата како дел од мнозинството и излегувањето од пратеничката група. Пратеничката група не треба да се поистоветува со дел од коалицијата вели за УБ пратеничката и претседател на партијата на ДОМ, Маја Морачанин.

Ние како ДОМ уште минатиот мандат бевме независни пратенички со Лилјана Поповска и истата пракса сакавме и сега да ја спроведеме со Мирослав Богдановски и така и е договорено со коалицијата со СДСМ. Но поради условите со Корона во Собранието во насока на постигнување подобра ефикасност на работата на коалицијата ја оставивме ваквата одлука за подобри времиња кога ќе процениме дека ќе можеме да излеземе од пратеничката група додава Морачанин.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 3 =