Морачанин: Ковачевски има енергија за да се направат неопходните промени

You must need to login..!

Опис

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин во гостувањето во Утрински брифинг зборуваше и за формирањето на новата влада од страна на мандатарот Димитар Ковачевски.

-Се познавам со Ковачевски и сметам дека има енергија во него, има волја да ги направи неопходните промени. Тој своите искуства што ги има во приватниот сектор верувам дека ќе ги пренесе во работата во Владата. Сметам дека институциите ќе профункционираат онака како што бараат граѓаните. Верувам дека ќе донесе ред и одговорност во работата на институциите. Впрочем, најголема замерка за Заев беше тоа што не ја зеде метлата, нагласи Морачанин.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 4 =