Морачанин: Имаме голем напредок, но кадрите кои што вршат инспекции се недоволно стручни

You must need to login..!

Опис

По поканата јавно презентирана од страна на СДСМ, ЦО на ДОМ одлучи да разговара и по преговорите да го информираме ЦО за да ја донесеме конечната одлука.

Две клучни работи се битни – реализирање на програмските определби и персоналните решенија, изјави за Утрински брифинг, пратеничката на ДОМ, Маја Морачанинм за можната коалиција со СДСМ.

-Од ДОМ сме две пратенички. Направивме големи исчекори, посебно на законот за Урбано зеленило, како и затворање на рудниците во Казан дол и Иловица. Исто така и носењето на законот за минерални суровини. Сите овие закони се предложени од нас и добија поддршка за да бидат спроведени.

Клучна е контролата на индустриските капацитети

Еден од најгорливите проблеми е загадувањето. Европските „Зелени“ се задоволни од она што ДОМ и Владата го прават и ни даваат целосна поддршка. Тоа и јавно го изразија. Велат дека се фасцинирани од тоа колку многу работите се смениле во Македонија и правецот по кој се движиме. Дадоа поддршка и за склучувањето на договорите со Бугарија и Грција. За Македонија велат дека во најкус рок треба да се започнат преговорите со ЕУ.

„Тие и до сега користеа нафтен кокс и таков вид на фосулни горива. Не е тоа ништо ново. Не знам во моментов што користат, но знам дека кога го предложивме законот ние се уште не изградивме капацитети да вршиме ефикасника контрола на увозот на отпад и контрола при соговорување и емисијата на штетни гасови. Сметам дека ова решение беше неопходно за да се заштитиме од еден дел од загадувањето. изјави Морачанин околу Цементарница „Усје“ и примораноста да горат нафта и јаглен, како реакција на тоа дека отпадот кој е увезуван до сега не е опасен.

Конечно почна да се третира тоа старо индустриско загадување. Многу често ја отвораме оваа тема. Неколку фактори се клучни. Сметаме дека треба да се направи ревизија на А интегрираните дозволи и заострување на критериумите. Она што е клучно е контролата на индустриските капацитети.

Кадрите кои што вршат инспекции се недоволно стручни. Потфрлуваме на три нивоа – финансиски, (но одлично е што министерката за финаснии ни го прифати последниот предложен амандман околу оваа точка, немаме своја акредитирана лабораторија) техничкиот капацитет и кадрите и нивната стручност, интегритет и чесност, вели Морачанин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =