Морачанин: Во 21 век ние да дебатираме и да негираме дека е возможно да се обезбеди он лајн работа на Собранието е ретроградно гледиште

You must need to login..!

Опис

Ние сите како пратеници, без разлика дали сме дека од мнозинството, дали сме дел од опозицијата, од било која партија, имаме одговорност пред граѓаните кои не избрале на директни избори за да ги реализираме програмите кои сме им ги ветиле и очекуваат решавање на нивните проблеми. Тоа е суштината на демократијата – граѓаните не бираат со цел ние во нивно име да работиме најдобро што можеме и умееме. Неспорно е дека оние што се на власт имаат поголема одговорност, но не може комплетно да се исклучи одговорноста на опозицијата, изјави во Утрински брифинг Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.

Опозицијата е коректор на власта, трерба аргументирано да критикува, но не треба да се користи секој момент за да се опструира работата на Собранието. Што добивме ние сите како граѓани со тоа што еве гледаме дека Собранието е блокирано што неколку пратенци последователно се попзитивни или позитивни или во изолација поради ковид -19? Тоа не е во интерес ниту на граѓаните, ниту на државата, вели Морачанин.

Апсолутно поддржувам он лајн работа на оОбранието и сметам дека беше одговорност на пратениците за да ги усвоиме тие измени на деловникот предложени од Џафери. Сметам дека е тоа добар начин особено во овј момент на корона пандемија, да се обезбеди комплетна функционалност на Собранието, да им се даде можност и на пратенциите во изолација да гласаат. Во 21 век ние да дебатираме и да негираме дека е возможно да се обезбеди он лајн работа на Собранието е ретроградно сфаќање и гледање, вели Морачанин.

Избори не се потребни. Нејасна е целата реторика и целото објаснување – се бараат избори, за пописот викаат дека не е безбедно да се оддржи. Мислам дека дополнително ги збунуваме со пораките кои се менуваат на дневно ниво. На граѓаните им е потребна стабилност, да можат да си ја добијат помошта која им следува, смета Морачанин.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 3 =