Мони Дамевски, нов директор на “Браќа Манаки”: Веќе поканив една ѕвезда, ќе има и други

You must need to login..!

Опис

„Ова е многу важен период за нашата кинематографија, која неколку години по ред ниже успеси и иако времето до одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ е исклучително кратко, оваа година, тој мора да се одржи.

Минатата година заради пандемијата фактички немаше фестивал, туку само видео издание. Годинава, сите поголеми светски фестивали почнуваат да се одржуваат, да се отвораат и ние тоа мора да го направиме затоа што Македонија е веќе сериозен играч на мапата на филмот. Неколку години по ред ние сме присутни на најголемите светски фестивали, еве оваа година со филмот на Марија Апчевска и продукцијата на Роберт Насков ќе бидеме присутни на Канскиот фестивал и ние тоа мора да го следиме затоа што луѓето очекуваат дека нешто се случува во таа земја. Исто така, сакаме да продолжиме со нашата традиција, нашите луѓе, но и светските кинематографери очекуваат да продолжиме со нашата традиција затоа што најголемите мајстори на фотографијата доаѓале и биле чествувани во Битола. Поради условите што ги создаде пандемијата имаме намален буџет за околу 50 отсто, иако во светот во филмските земји буџетот не само што не е намален, туку се зголемува затоа што филмската уметност е многу влијателна и тоа се покажа во времето на пандемијата кога седите дома и една од ретките забави се филмовите на Нетфликс или Амазон.

Се надевам дека луѓето што ги носат одлуките ќе имаат слух за ова“, вели Дамевски за Утрински брифинг Тој најави дека за фестивалот веќе поканил една филмска ѕвезда, „Браќа Манаки“ ќе се одржи во втората половина на септември, ќе трае шест денови и ќе биде во хибридна форма бидејќи се’ уште не се знае што ќе се случи со пандемијата. Ќе има главна програма од 12 или 14 филмови кои од годинава ќе вклучува и документарни филмови, а ќе се задржи и програмата на краткометражни филмови, а ќе се одржи и ревија на македонскиот документарен филм насловена „Бисерите на македонската документаристика од Оскар до Оскар“, почнувајќи од „Дае“ на Столе Попов до „Медена земја“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 5 =