Момироски: Добивме жолт картон – јавноста и институциите да го променат односот кон уникатното богатство – Охрид и охридскиот регион

You must need to login..!

Опис

Проблемот со Охрид и статусот околу УНЕСКО е малку подлабок и датира можеби од три и повеќе децении, од осамостојувањето. Во изминатиот период не покажавме чувство за инзвонредното и уникатно културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, изјави за Утрински брифинг новинарот Горан Момироски.

Се ова што сега се случува е последица на негрижата во изминативе три децении од сите досегашни власти на централно и локално ниво. Многу е тешко нешто да се испправи или да се обидеме да направиме нешто во правец на подобрување на состојбите во охридскиот регион во краток период, а изминатите три децении воопшто не сме воделе сметк, однпосно сме дозволиле Охрид и охридскиот регион да се најдат во една ваква незавидна ситуација. Самиот факт што се детектирани голем број на дивоградби, не е толку проблем колку што е проблем што дел од тие дивоградби се наоѓаат во строго заштитените зони во Охридското езеро и тоа е еден од поголемите проблеми со кои ќе мора да се соочиме, односно да бидат отстранети сите оние пречки кои би го ставиле Охрид на листата на загрозени подрачја, односно чекор до дефинитивно бришење на Охрид од листата на УНЕСКО, вели Момировски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + fifteen =