You must need to login..!
Опис
Четворица млади луѓе, студенти на Машинскиот факултет од Скопје кои направија прототип на скејтборд за деца со посебни потреби. Нашиот факултет не е само за оценки и дипломи, туку самае да го искористиме знаењето за нешто подобро, се согласивме да се обидеме тоа да го направиме и мило ни е што успеавме. Прототипот се покажа добро и во разговори сме со деканатот на факултетот да изработиме уште неколку варијанти. Првично сакавме да видиме дали функционира сето тоа, но сега размислуваме и од медицински аспект, да ја промениме конструкцијата, наместо скејтборд да ставиме помагало, со кое би се добила една друга варијанта. Имаме дискусии со стручни лица, со доктори и специјалисти, со физиотерапевти и тие многу ни помогнаа да увидиме кои точки од телото на корисникот се критични и кои треба да се фиксираат. Разговараме и со родители на децата. Насмевката која што ја добивме од првиот корисник на овој скејтобрд беше бесценета и тоа ни беше мотив да продолжиме да работиме, изјавија за Утрински брифинг Фросина Максимовска, Анастасија Игњатовска , Бобан Кусигерски, Ангел Анѓушев, млади студенти кои низ практична примена го користат знаењето добиено од факултетот каде што студираат.