🎥📞 Млади иноватори – Орхан Багашов создаде бионичката рака

You must need to login..!

Опис

Орхан Багашов е ученик во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје и веќе е со осумгодишен стаж во иноваторството и технологијата. Изработува различни машини, но особено се гордее со ротирачкиот 3Д печатар, кој печати многу побрзо од останатите печатачи. Токму овој печатар и бил најважната алатка да направи роботска рака, која е дел од еден поголем проект – хуманоид робот.

Орхан и екипата во конкуренција на петте најдобри тима на млади иноватори кои креираат дигитални решенија за поактивно вклучување на децата и младите во образованието и во секојдневниот живот, тие, заедно со уште еден тим, се избрани да ја претставуваат земјата на глобалниот младински предизвик наречен „Генерација без граници“, каде што најуспешните проекти имаат шанса да добијат до 20.000 евра.

Целта на „Генерација без граници“ е да се инспирираат младите кои имаат интересни идеи, но немаат средства да ги реализираат.

-Бионичката рака, всушност, е електронска протеза која ќе им користи на лицата кои го изгубиле горниот екстремитет. Вакви протези не се новост, но се многу скапи, цената им се движи и до 6-7.000 долари. Нашата протеза чини до 250 долари и ја има истата функција како скапите протези, што ќе ја направи подостапна. Но, не е само ниската цена во прашање. Оваа наша рака може секој дома да си ја направи ако има 3-Д печатар. Од нашиот сајт www.ebionics.org бесплатно можат да се симнат шемите за деловите, додека некои електрични делови треба да се набават преку интернет, изјави Орхан. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + 6 =