Младите од Македонија и Грција заеднички против предрасудите и стереотипите

You must need to login..!

Опис

Отворање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Македонија и Република Грција. Што точно ќе можат младите да направат преку овие канцеларии?

– Со настанот кој што се случи минатиот петок го најавивме почнувањето на процесот за креирање на канцеларии во Македонија. Ќе се спроведува во четири фази, така што во почетокот на 2021 би требало да започнат со работа овие канцеларии за соработка помеѓу двете земји. Во петокот присутни беа над 190 претставници од нашатата држава и над 75 младински лидери, студенти од Република Грција. Беа присутни и од дипломатскиот кор, како и претседателот Пендаровски.

– Целта е да се воспостави младинска соработка помеѓу двете држави, односно да го почнеме процесот на помирување. Наша цел е да го ископираме процесот кој што го поминале Франција и Германија. Во наредните фази планираме посета на Франција, Германија и Полска и да видиме како функционираат тие канцеларии таму. Ние проектов го водиме од 2009 година кога беше брзорастечки национализмот од двете страни на границата, изјави Методија Стојчески, од Младински сојуз.

Анелија Митрова во Утрински брифинг

– Со овој настан направивме голем исчекор. На самиот настан имавме преку 200 млади луѓе од 12 градови од Северна Македонија и од 4-5 града од Грција. Немаше анимозитет меѓу младите присутни. Не е дека не постои воопшто па затоа младинските канцеларии и самото запознавање на младите е добар начин за да се намалат стереотипите и предрасудите. Со самото тоа што канцелариите ќе стимулираат соработка и размена сметам дека за 10, 20, 50 години значително ќе се намали бројот на млади луѓе кои имаат предрасуди према својот најблизок сосед, изјави во Утрински брифинг Анелија Митрова, Младински сојуз.

– Досегашните искуства говорат дека кога две политички структури ќе склучат некој договор кој што се однесува на младите, многу ретко добива поддршка кај младите. Затоа нашите процеси одат од доле кон горе. Целта ни е да мобилизираме што е можно поголем број на млади луѓе.

– Најдобро соработуваат младите кога работат на заеднички проблем“, рече Стојчески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 3 =