Младеновски: Медијаторите им заштедуваат пари на стопанствениците што имаат спор

You must need to login..!

Опис

Македонското судство успеало од врат да си симне близу 3.000 спорови, за помалку од четири ггодини, кои место судиите успеале да им ги завршат медијаторите.

Солидно за контото- ефикасност на судската власт , а граѓаните помалку ги чинело одошто адвокатски и судски трошоци. А, и време и нерви.

Гостин во Утрински брифинг беше Славе Младеновски, потпредседател на Меѓународната Комора на медијатори за Југоисточна Европа и прв човек намакедонската Комора.

-Кога зборуваме за тоа каде е Македонија на мапата во меѓународната медијација, Комората е формирана пред седум години, а сега сме лидер пред сите други земји во регионот. Ние имаме 46 медијатори што е многу помалку од другите соседни земји. Инаку, медијаторот го одбираат странките

Што прави медијаторот за да ја подобри атмосферата меѓу странките?

-Ако две страни се во спор медијаторот треба да има позитивен став. Медијаторот е почеток на сорабтката на двете страни. Странките тргнуваат од заедничкиот интерес, спорот да се реши на задоволство на двете страни. Но, кога страните не сакаат или не можат да се договорат, а медијаторот не може да им помогне како објективна страна, страните може да излезат од медијација и спорот да заврши пред суд. И обратно, судски предмети да завршат на медијација.

Предмет на медијација се стопански предмети со помала вредност до милион денари, со што се растоваруваат судовите.

-Законодавецот направи задолжителен обид за медијација во стопанските спорови, а за другите спорови медијацијата е избор. Најголем број стопански предмети се работни спорови. Во споредба со другите држави нашата држава покажа најголемо чувство за институтот медијација. Имаме добар закон, а подобрена верзија се подготвува во собранието. Нашата Влада е единствена во регионот која му препорача на јавниот сектор да се сврти кон медијацијата.

-Сега во моментов можеме да бидеме задоволни од постигнатото но не и од она што можеме да го постигнеме. Бројките на решени предмети може да се зголеми. Ако еден медијатор неделни наместо еден има три предмети медијацијата може да стане и професија.

-За да се биде медијатор потребна е лиценца. Во нашата Комора пред донесувањето на Законот за медијација имавме и адвокати. Сега има реакција од Адвокатска комора по препораката дека спорови со помали вредност треба да се решаваат со медијација. Нема причина Адвокатската комора да се плаши од медијаторите. Ние само ги растоваруваме судовите од предмети со мала вредност.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + 13 =