Мишиќ: Состојбата со инклузивноста е подобрена, но имаме уште долг пат да изодиме

You must need to login..!

Опис

Основното училиште Илинден од Крива Паланка доби богатство од стимулативни содржини со кои секојдневно ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии.

Станува збор за сензорна просторија во која тие ќе може да работат и да ги развиваат своите потенцијали водени од специјални училишни едукатори.

Целта е целосно вклучување на децата со попреченост во редовниот училишен систем. Сето тоа во насока на создавање инклузива која ќе понуди еднакви можности за развој на сите граѓани.

Целосното вклучување на учениците со попреченост во образовните текови е цел на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Елена Мишиќ, раководител на проектот.

-Како Фондација веќе подолго време се залагаме за општествена и образовна инклузија на сите деца со посебни потреби. Во тој контекст со финансиска поддршка од ЕУ го спроведуваме овој проект кој е наменет за подобра имплементација на Законот за основно образование кој го поставува прашањето на инклузијата како еден од првите цели и пристапи во дејноста на образовните институции.

-Самиот прокет е тригодишен и во моментов се наоѓаме на половина. Има повеќе компоненти. Стожерот на целиот прокет е доделување на стипендии за ученици од почетните одделенија. Во моментов имаме над 470 деца стипендисти кои ги поддржуваме со месечни стипендии.

-Воедно се трудиме и на подигање на општествениот дискурс за потребата од вклучување на сите лица со попреченост, односно на задоволување на нивните права во општеството.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × 1 =