Мишев од ЕСЕ: Постои недостаток на политичка волја за избирање на независни членови на тела кои треба да ги штитат граѓаните од дискриминација

You must need to login..!

Опис

-Јавноста имаше можност да слушне од страна на претставниците на политичките партии кои веќе алудираа со одредени имања кој би требал да биде Народен правобранител или кои треба да бидат членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ние како граѓанска организација долги години работиме на заштита на индивидуалните слободи и права на граѓаните, посебно во ситуација кога се дискриминирани. Затоа ние и ја следиме работата на телата кои треба да ги штитат граѓаните од дискриминација. Во овој случај тоа е Народниот правобранител, кој по дефиниција треба да биде биде независна институција. Оттука како организација ние работиме на ова поле, изјави за Утрински брифинг Стојан Мишев од здружението ЕСЕ .

-Главните наоди од нашиот извештај е нетранспарентноста и отчетност кога станува збор за предметите за заштита од дискриминација. Народниот правобранител ни дава информации од кои не можеме да извадиме заклучоци за неговото постапување по претставките за заштита од дискриминација. Па така отсуствуваат податоци за основот на дискриминација, но и лични податоци кои се потребни а понатамошно следење на состојбите. Немаме детални податоци што презеле државните органи за надминување на дискриминацијата.

Целиот разговор со Стојан Мишев од ЕСЕ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − thirteen =