Мицкоски: Нема никаква амнестија ниту за Груевски ниту за 27 април

You must need to login..!

Опис

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој застана на чело на опозицијата при обидот за преструктуирање на парламентарното мнозинство како резултат од поволниот исход за опозициските партии на локалните избори, беше гостин во денешен Утрински брифинг.

Опозицијата во парламентот не успеа да го собори владиниот кабинет на Зоран Заев на гласање во Собранието, а Заев сега се обидува да создаде ново и поголемо парламентарно мнозинство а прва реакција на опозицијата потоа беше барање вонредни парламентарни избори.

-И сами велите дека Заев се обидува да создаде ново мнозинство. Како што стојат работите, сега позицијата има 59 пратеници и еден флуктуирачки кој не знае каде е, но претпоставуваме дека е или во седиштето на ДУИ во Мала Речица или на Бихаќка. Ние со Алтернатива имаме коректни односи и разговорите со нив продолжуваат, вели за Утрински брифинг, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски за Утрински брифинг на прашањето што како иден премиер би понудил, вели дека себеси сѐ уште не се гледа како премиер.

-Не се гледам себеси сѐ уште како премиер. Јас сум припадник на академската заедница, лидер на најголемата опозициска партија, лидер на опозицијата која има најмногу пратеници и градоначалници, а мојот сон е модерна, просперитетна Македонија исчистена од криминални структури. Немам роднини што се занимаваат со бизнис, вели Мицкоски за Утрински брифинг.

Со оглед на околностите дека се бараше ново мнозинство за нова влада од редовите на сегашната опозиција, го прашавме Мицковски дали нема амбиции да биде премиер.

-Се разбира дека имам амбиции да бидам премиер. А мојата амбиција како иден премиер е Македонија членка на ЕУ, бидејќи веќе е членка на НАТО, вели Мицкоски.

Членството во ЕУ подразбира долг процес на преговори, оттука јавноста ја интересира која би била почетната позиција на ВМРО ДПМНЕ во долгите преговори.

-Имаме принципиелен став на реципроцитет. Она што сега се бара од нашиот источен сосед од Македонците нема никаква врска со вредностите на ЕУ. Ни за мене не претставува никаков проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, ако Бугарија ги почитува пресудите на Стразбур во врска со засебноста на македонското малцинство таму. Но не може никој мене да ми оспорува дека Македонија има минато, да тврди дека е коминтерновска творба и дека Бугарите во 1945 нѐ ослободиле. Јас живеам во 21 век и сакам да зборувам за дигитализација и современи теми, вели Мицкоски.

Од новата бугарска партија која освои мнозинство и веројатно ќе формира влада се очекуваше да може да се разговара на друго ниво, но последните изјави не велат така.

-Разочаран сум од тоа што го слушам овие денови од тие двајца луѓе што го предводеа новото во Бугарија, како студенти на Харвард, оти од нив како образовани луѓе се очекуваше да се занимаваат со модерни теми а не со минатото, но очигледно дека се потпаднати под влијанието на бугарскиот претседател Румен Радев, коментира Мицкоски.

Еден од условите за нашиот пат кон ЕУ, за кој како што се изјавува во јавноста тежнхее и ВМРО ДПМНЕ е и Преспанскиот договор, но партијата јавно најавува негово преиспитување.

-Ставот сме го кажале стотици пати. Да сум среќен, не сум. Дали ќе ја применувам придавката, нема, Македонија ќе ја викам Македонија. Таа нова реалност е реалност на Заев. Прашањето е дали ние добивме европско здравство, образование, подобра економија, дали народот живее подобро и дали луѓето се посреќни. Дали сме излажани, да. Таа болна и тешка реалност ја донесе овој човек што сега ја води владата, вели Мицкоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + twelve =