Мицевски: Долго време јавноста е изманипулирана, интерпелацијата на Димитров е неопходна

You must need to login..!

Опис

Јавноста се манипулира со добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Димитров беше и министер додека се потпишуваше Договорот со Бугарија, додека ние предупредувавме, тогаш не убедуваа дека Договорот е добар. Нетранспарентноста на Димитров причина плус, за која што бараме интерпелација, изјави во „Собраниски брифинг“ на „Утрински брифинг“, Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Околу собирањето на потписи за поништување на пописот, Мицевски вели дека е заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има сериозни забелешки на Законот за попис.

Забелешки имаме и на роковите кои се дадени таму, забелешки имаме и на потребата од двоен потпис и која е потребата од тоа. Оваа инцијатива започнува во наредните денови. Денеска планираме да ја поденесеме иницијативата, вели Мицевски.

На прашањето дали ќе биде поддржана измената на Кривичниот законик каде се воведуваат делата сексуално вознемирување и демнење. Мицевски вели дека ќе биде поддржано, но прво треба да биде видено во пишана форма.

Целиот разговор каде Мицевски говори и за поддршката на седношколците околу барањето поврзано со матурата погледенте во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 16 =