Михајловска: Пандемијата ги загрози женските права, се вратија стереотипните улоги на жената

You must need to login..!

Опис

Последиците на пандемијата на коронавирус несразмерно потешко ги погодуваат жените, констатира најновиот извештај на Амнести интернешнел за состојбата со човековите права.

„Пандемијата во голема мера ги загрозуваженските права, новонастантата состојба што ја наметна ковид пандемијата за многу жени значеше враќање назад кон претходно утврдените стереотипните родови улоги. Најнапред пандемијата наметна поголема потреба од одржувањето на хигиената токму поради стравот дека можеме вирусот да го донесеме дома, како што се плашевме минатата година дека вирусот ќе го донесеме и со кесите од пазар или со обувките. Втората состојба беше карантинот и полицискиот час што подразбираше дека целото семејство е дома и постојано што наметна потреба од готвење, пазарење и менаџирање со сите домашни обврски. Но ова е само една првична или базична слика за она што се стави на товар на жената. Но би потенцирала суштински аспекти како што е еконмскиот. И извештајот на Амнести интернешнел за состојбата со човековите права вели дека поради пандемијата ризикот од губење на работното место е зголемен на 44 отсто. Но што во наши, македонски услови подразбираме под ризик? Најпрво знаеме дека минатата година, ова време се затворија градинките, училиштата и се воведе онлајн настава и многу жени, меѓу нив и многу самохрани мајки едноставно немаа каде да ги згрижат своите деца и беа принудени да дадат отказ од нивните работни места, тоа значи дека нивната егзистенција беше сериозно доведена во прашање и се’ уште е.

Некои компании пак им дадоа отказ на своите вработени затоа што не можеа да работат како што се угостителските објекти, бутиците и слично. Особено сакам да ја нагласам положбата на текстилните работнички, кои за време на пандемијата работеа во полн ек како условите да се нормални и имаше многу кластери заболени токму во текстилната индустрија. За да се надминат последиците од пандемијата мора сериозно да се влијае на владата да се спроведат сите закони и препораки особено од женски или родов аспект“, вели за Утрински брифинг Виолета Михајловска, самостојна истражувачка на родови прашања и колумнистка. Таа додава дека при санирањето на штетите од пандемијата особено треба да обрне внимание на ранливите категории жени како што се самохраните мајки.

„Во четвртиот пакет мерки имаше еднократна парична помош од 6000 денари на самохрани родители. Нивната бројка беше 5800 луѓе, но кај нас не постои дефиниција кои се самохрани родители, односно за такви се сметаат само оние чиј што партнер починал, па така само околу 1300 до 1500 самохрани родители успеаја да ја земат таа парична помош затоа што во краток временски период мораа да соберат документи за да ја докажат својата положба“, додава Михајловска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 4 =