Михаилоски: Имам огромна одговорност да ја водам СДММ – сите заедно да ја подигнеме младината на уште повисоко скалило

You must need to login..!

Опис

Голема одговорност е да се биде претседател на подмладокот на најголемата политичка партија. Имам план кој се основа на вклучување на младите во општеството, и засилување на младинскиот активизам од една страна и креирање политики од друга страна. Ние сме моторот кој го движи општеството напред изјави во Утрински брифинг новиот претседател на СДММ, Марко Михаилоски.

Програмата која ја презентирав почива на социјадемократијата. Мислам дека овие вредности кои говорат за почитување на младиот човек, неговите права и слободи, без разлика на неговата етничка, верска или било каква проипадност, се сега блиски до младиот човек. Како социјална држава се грижиме младите да имаат еднаква стратна позиција, вели Михаилоски и додадава дека СДММ ќе се борат против било каков вид на поделби, злоупотребување на младите, како ипротив говорот на омраза.

СДММ и во минатото и аденеска активно учествува во креирањето на политиките за младите кои подоцна се преточуваат во програмата на СДСМ.Таков беше и последниот пример. Имавме засебна агенда „Млади 20/24“, каде што со сите млади луѓе, со сите младински организации, студенти, средношколци, заедно ги креиравме и ги дадовме барањата до СДСМ за да се вклопат во програмата. Денес се преточени во програма на Владтаа и активно допринесуваат за животот на младите.

-Намалена е стапката за 17,5% за младинска невработеност од 15-29 години. Проекциите се до 2024 да падне под 17 проценти, вели Михаилоски.

Целиот разговор со претседателот на СДММ, Марко Михаилоски погледенте го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 1 =