Митрески: Собранието ќе го изгласа Буџетот следната недела

You must need to login..!

Опис

По подолго време пауза на Парламентот, денеска пратниците повторно се враќаат во собраниската сала откако се формираше ново парламентарно мнозинство.

-Ние координаторите на пратеничките групи одржуваме редовни координации и договоривме како ќе функционира Собранието во наредниот период. Работевме во Комисијата за финансирање и буџет на донесување на буџетот за 2022 година, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески.

На дневен ред пред Собранието е продолжување на кризната состојба што ја одобруваат пратениците поради мигрантската, ковид и енергетската криза. Од утре се очекува да се изгласа буџетот, а дискусијата на седницата може да трае пет ден, информира Митрески.

-Законот за неработна недела поради блокада од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да го донесеме во септември, разговаравме за тоа да помине на комисијата исто како и законот за минимална плата и се надеваме во следниот период да бидат донесени овие закони, вели Митрески.

Тој вели дека секогаш кога се донесувало зголемување на минимална плата се разговара со работодавците за да не се дојде до ситуација да има отпуштања на работниците.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × five =