Митрески: Опозицијата ја крева тензијата до даска до протестите на 18 јуни, но зацртаното не им успева до крај

You must need to login..!

Опис

Ова сега што се случува е континуитет на тоа што се случуваше и претходно само што сега и официјално е потврдено, блокада на Собранието. Движењето во процедурите е успорено, минатата недела два дена усвоивавме дневен ред, што пак дополнително ја успорува работата. Колегите од опозицијата на последните две координации не присуствуваа инаку до тогаш редовно бевме во комуникација.

Во однос на односот Џафери кон административците во Собранието јас ситуацијата ја делам на две работи едно на тоа што беше пренесено за медиумите а второто е тоа што се случува во Собранието. Ние на вчерашната комисија нема време за театар во Собранието и да враќаме некои сцени од минатото и сметаме дека нема време за кубење во однос на такви случувања и конечно да излеземе од таквиот начин на функционирање.

За изборот на уставни судии не е пропишана процедура со која тие се обврзуваат да се претстават самите пред пратениците и пред јавноста. Целото искуство показува дека се што не е пропишано во собранието создава потоа проблеми во функционирањето на Законодавниот дом.

Заклучување на вратите во собранието имало и претходно и тоа е запишано и во собраниските стенограми. Мислам дека опозицијата намерно ја крева тензијата до одржувањето на закажаниот протест до максимум.

Мислам дека опозицијата не успева до крај да си го оствари зацртаното бидејќи и кај нив се гледа тензија дека работите не им се одвиваат како што посакуваат.

Околу донесувањето на ребалансот на буџетот не очекувам блокада бидејќи тоа би било преризично и за опозицијата бидејќи со него меѓу другото се предвидува и покачување на плати на работниците, вели за Утрински брифинг координаторот на пратеничката група на СДСМ во парламентот, Јован Митрески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 − 3 =