Митревски: Очекувам успешен попис, ДПМНЕ собира потписи за внатрепартиски потреби

You must need to login..!

Опис

Започнува најголемата статистичка операција во земјава – се попишува дијаспората, затворениците, вработените во дипломатските претставништва.

Паралелно ВМРО – ДПМНЕ повикува на бојкот на овој попис, а Алијансата за Албанците смета дека пописот ќе биде некредибилен.

-Јас очекувам успешно да се заврши оваа статистичка операција затоа што таа ни е неопходна за водење на сите политики во државата. Она што го прави ВМРО – ДПМНЕ со собирањето на потписи, не е формално правно издржано ниту пак има некаква реална цел за да го спречи одвивањето на пописот, изјави за Собраниски брифинг на Утрински брифинг координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

-Доколку имаа цел да поднесат Закон тоа можеа да го сторат со потпис од само еден пратеник и на тој начин та продолжат формално правно да пробаат ако мислат дека не е во ред и да ја спречат оваа операција. Но тие тоа го прават само за нивни внатрепартиски потреби вели Митревски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 − four =