Митов: Инхалирањето нема никаква научна основа и доказ дека може да помогне

You must need to login..!

Опис

Ова е нов вирус, никој до крај не е сигурен, една од дилемите е дали да се носи маска или не? „Разликата меѓу истокот е западот е многу голема. На истокот предлагаат маски да се носат секаде и велат дека СЗО греши. Од друга страна, станува јасно дека маските нудат некаква заштита. Не мора да се работи за маска со стандарди која штити 100 проценти. Со маска, опасноста драстиччно паѓа“ – вели Др Митов во денешниот Утрински брифинг.

Не се согласува со мислењето дека СЗО стравува од недостаток на маски за здравствените работници.

„Ако луѓето генерално носат маски, генерално ќе се намали бројот на заболени“ – вели Др. Митов.

„Маската не штити од другите, но и ги штити другите од нас. Во нашата култура има толку лоши навики, на пр. Кивањето во лакт. Овие мали навики сега спасуваат живот“ – веели Др. Митов. Но она што исто така го посочи Др. Митов е тоа дека има разлика од систем до систем и дека не е можно, ниту потребно да се пресликаат сите состојби.

„На отворен простор, трансмисија на вирусот не може да се случи. Друго е кога лицето е затворено во една просторија“. Уште една дилема која се наметна е масовното тестирање. Масовно тестирање имаше на истокот, претежно во оние земји кои се справија со вирусот, но не е доволно само да тестирате.

-Прашањето е што ќе направите со тие резултати. Можеби Италија згреши што ги пушти заразените дома, сметајќи на изолација, но заборави дека голем дел од луѓето не живеат сами, па голема е шансата дека ќе го пренесат вирусот. Кога луѓето инсистираат на масовно тестирање почнувам да се сомневам да не има материјални интереси. Наважно е што ќе направиме по добивањето на тестот. Кина тоа што направи, ниту една друга држава не може да го направи. Се работи за огромни ресурси и за дисциплина, ние тој капацитет го немаме. Се појавија совети дека треба да се прави инхалација, Митов беше прашан колку ова помага.

„Ние во медицината имаме специјалности, но секој од нас кога дава совети од област која не е негова, ризикува да даде мислење кое не точно. Инхалирањето нема никаква научна основа и доказ деказ може да помогне. Не инхалирање, туку социјално дистанцирање е потребно“ – вели Др Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − 3 =