Митко Јанчев: Ќе го подигнеме Кавадарци на уште повисоко ниво

You must need to login..!

Опис

-Фаворит сум бидејќи три години работиме транспраентно и објективно, напорно. За две и пол години ја исполнивме целата предизборна кампања и наредната година и пол дополнивме со проекти кои призлегоа од урбаните, месните заедници од потребите на градот. За да бидеш фаворит мислам дека треба да си ја сработиш својата работа, да бидеш достапен за граѓаните, изјави за Утрински брифинг Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Првата програма беше во делот на инфраструктурата и тој континуитет во наредниот мандат Кавадарци да го подигнеме на уште повисоко ниво – во областа на капитални проекти, во делот на културата, додава Јанчев.

-АКо анализираме Кавадарци се дигна во сите сегменти. Во фудбал влеговме во прва лига, кошарката и ракометот исто така, градиме нови спортски сали. Имаме повеќе велосипедски и пешачки патеки.

-На Кавадарци му фали старечки дом, потребни се и рекреативни содржини на старите лица. Тие луѓе го дале свој капацитет за градот и за државата. Сакаме и Кавадарци Мол и во тој Мол да има комплетни содржини како што доликува на еден град, вели Јанчев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =