Митевски: Ковидот не ги запре инвеститорите, 17 инвеститори дојдоа само во 2021

You must need to login..!

Опис

Пандемијата не остави никакви последици врз работењето на општина Петровец, напротив, дури се зголеми и бројот на инвеститори, но сепак се одрази врз животот на граѓаните кои истанаа без работа, рече денеска во Утрински брифинг градоначалникот на Општината, Борче Митевски.

-Среќен сум што голем број инвеститори ги отвораат вратите за вработување на граѓаните од општината и исплатуваат солидни плати, бидејќи голем број граѓани кои работеа во градските средини, останаа без работа. Горд сум што во 2020 и 2021 година Општина Петровец е водечка по бројот на домашни и странски инвестиции. Само пред еден месец 17 нови инвеститори дојдоа во мултифункционалната зона Чојлија, нагласи Митевски. Според него, близината до автопатот Е75, близината до аеродромот, добрата инфраструктура како и ниските комуналии се причина поради која инвеститорите инвестираат во Чојлија. На Митевски му истекува третиот градоначалнички мандат, по што веројатноста да се кандидира за нов мандат е голема, но зависи од ставот на партијата од која доаѓа, ВМРО- ДПМНЕ.

-Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицковски ќе го имаат последниот збор околу мојата кандидатура за нов мандат. Доколку сметаат дека можам и понатаму да раководам со општината, ќе се кандидирам за градоначалник, ако не сметаат, ќе се повлечам, додаде Митевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − eight =