🎥📞 Митаноски: Изборите не се главна тема во Охрид – не очекувам нешто драматично да се промени

You must need to login..!

Опис

Изборите не се главна тема во Охрид. Луѓето се занимаваат со други теми. Некои од политичарите кои имаа митинг ги почитуваа препораките, но мора да истакнам дека митингот на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот и не беше баш како што треба организиран според протоколите, изјави во Утрински брифинг, Веле Митаноски новинар, политичар, публицист и пратеник.

Ова што јас го гледам како кампања мислам дека е пред се насочено кон членството. Мислам дека ништо драматично нема да се случи. Пред се се должи на тоа што на листите нема нешто ново. Има црна кампања, често по сандучињата и на возилата има флаери кои што не ветуваат нешто ново, изјави Митаноски околу прогнозите за изборниот резултат.

Можно е да се случи новиот парламент да биде малку повеќе шаренолик од претходниот. Факт е дека десницата е расцепкана, за разлика од левицата која е пообединета, изјави за Утрински брифинг Веле Митаноски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + five =