Мисовски: Со носење на сетот закони пративме порака – извадете ги предметите од фиока, преземете одговорност и судите согласно законите

You must need to login..!

Опис

Успешно го завршивме мандатот. Ако се вратиме три години наназад и погледнеме каде бевме, особено на 27 април, кога според СЈО и отворениот предмет, дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ организираа обид за упад и тоа се случи, каде таргет беа пратениците, особено Заев, и се работеше за класичен обид за убиство.

Сето тоа го направија за пусти пари. Само за да го зачуваат кеѓот и капиталот. За разлика од пред три години во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија, Собранието има најдобра оцека. Тоа говори се, изјави Горан Мисовски, потпретседател на Собранието.

Не само амбасадорката на САД, туку и од целата меѓународна заедница добиваме позитивни сигнали дека ова парламентарно мнозинство и оваа Влада знае да ги менаџира процесите. Со одредени потешкотии успеавме. Сето она што го побара ЕУ, вклучително и САД, ние направивме.

Ги донесовме сетот од Закони за правосудството, законот за Судскиот совет, Законот за ЈО, за Советот на ЈО, значи дадовме една шанса на правосудниот систем , пред се обвинителите и судиите да се чуствуваат безбедни од дупките кои и тоа како успешно обвинетите и нивните адвокати ги користеа за да се одложи завршницата и предметите да добијат позитивен крај.

Со носење на овие заони ја пративме пораката – извадете ги предметите од фиока, преземете одговорност и судите согласно законите, изјави за Утрински брифинг, Мисовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − one =