Мисајловски: Коалицијата ќе се проширува – подаваме рака за обединување против штетните политики на СДСМ

You must need to login..!

Опис

-Најголем успех минативе 31 година е сплотувањето на народот во ВМРО-ДПМНЕ, во идеалите, во брендот, за она што се говорело низ историјата, за сетоа она што прераснало во движење, организација. Целата историја кога ја гледате наназад се гордеете со се она што се направило за Македонија и во новото време прерасанало во политичка партија, демократска партија која 31 година се бори за подобро утро, иднина. Но кога ќе се спомене само ВМРо-ДПМНЕ, мене лично ми доаѓаат црвената и црна боја – црвената за Македонија, црната за тешките мигови за кои се бореле многу генерации за слободна Македонија. Се тоа претставува ВМРО и секој еден човек во себе го има ВМРО, изјави во Утрински брифинг потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Кога се збори за политичката партија ВМРО тоа асоцира на проекти, економија, многу работа, цврсти и темелни прашања да не се попушта под ниту еден национален предизвик, додаде Мисајловски.

-Ние не ги менуваме боите, туку спектарот на бои во еден колорит се шири и секој да може да се пронајде во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ се шири како партија. Црвената боја е на ВМРО-ДПМНЕ, жолтата е на знакот и се она што е како боја на Република Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Сакаме да покажеме еден спектар каде што секој може да се пронајде. Моментално опозициското размислување во државата е најголемо. Граѓаните бараат промени по скоро сите прашања. Нудиме рака, нудиме стратегија каде не само што ќе понудиме нови проекти и идеји за локалните избори, туку и рака на сите опозициски партии, но и на сите оние кои делуваат како невладини, синдикати, имаат различно мислење. Им нудиме рака за соработка за да имаме подобра иднина. Многу години поминаа од оваа власт, видовме дека нема бројки, има штетни политики. Подаваме рака за обединување, со секој еден да седенеме заедно да делуваме, вели Мисајловски.

На прашањето за последнат анкета на ИРИ, Мисајловски вели дека ја почитува, но потребно е да се видат сите детали.

-Од сега до почетокот на локалните избори многу работи може да се сменат. Правиме и други анкети и слободно можам да кажам дека не само што води ВМРО-ДПМНЕ, туку погрешните политики на СДСМ ги препознаваат сите граѓани.

-Ние ќе понудиме решавање на проблемите на граѓаните. Кандидатите што ќе ги предложиме ќе бидат солидни, чесни луѓе што си ја сакаат општината.

Целиот разговор со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 2 =