Мирослав Јовановиќ: „Чиста 5Г мрежа“ – безбедносен асет надополнет со драматична брзина и големи придобивки

You must need to login..!

Опис

Република Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5Г технологии.

Со потпишувањето на овој документ земјата се приклучи на низата европски држави кои имаат склучено вакви спогодби со Вашингтон со кои им се оневозожува на непроверени и небезбедни произведувачи да продаваат и инсталираат чувствителна комуникациска опрема која може да биде искористена за неовластено собирање податоци за граѓаните.

Македонија и САД ја нагласија важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5Г пазарите, земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5Г мрежите од неовластен пристап на трети страни.

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси корпорации како „Хуавеј“ и „ЗТЕ“.

Гостин во Утрински брифинг беше Мирослав Јовановиќ, главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком кој говореше за улогата на 5Г во современите општества.

-Го прочитав текстот на договорот. Со т.н „Чисти мрежи“ треба да се обезбеди технологија безбедна за сите. Деталите ќе ги видиме кога ќе биде преточен во законско решение.

-5Г е надградба на 4Г мрежата. Предностите се драматично поголеми брзини. Но брзините не се главен фактор за придобивка. Станува збор за автономни возила, машини, вмрежување на голем број индустриски построенија, сензори кои би ни овозможиле реализација на оредени активности. Сето ова станува еден значителен асет кој треба да биде безбеден. Ова значи дека и сега имаме системи контролирани далечински, како електроцентрали, водоводен систем, големи деловни построенија и комплекси кое треба да се заштити безбедносно. И денеска се случуваат хакерски напади со кои може да се направи осакатување на делови па и цело општество – да не функционира банкарството, да нема струја итн…

-Во официјалниот документ не се спомнува држава, ниту компанија. Затоа не можам да кажам дека кај овие производители постои т.н backdoor или не. 5Г има во одреден број на држави. Можеме да видиме дека земји кои се потпишани се Романија, Полска, Данска, Чешка, Латвија, Грција“, изјави во Утрински брифинг Јовановиќ кој додаде дека мора да се стави крај на шпекулациите и лажните информации поврзано со 5Г мрежата а со тоа да се остави непречен простор и развој за ова технолошко усовршување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 13 =