Министерката Стефоска за новите правила за аплицирање, можноста за зголемен буџет и отуѓувањето на Албанскиот театар за деца

You must need to login..!

Опис

Стефоска: Буџетот за култура ќе биде зголемен во 2022 година

Во тек е аплицирањето за Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, и трае до 6 ноември. Првпат годинава тоа се врши по електронски пат. Според министерката за култура, Ирена Стефоска тоа ќе го скрати и времете за чекање на резултатите. За идната година и покрај пандемијата се проектира поголем буџет за култура од оној за 2021 година, кој беше намален за околу 150 илјади евра. Буџетот за култура е 1, 23 отсто од вкупниот буџет на државата.

„Овој процент треба да се зголеми и работам на негово зголемување затоа што е недопустливо само 1,23 отсто од буџетот на државата да одат за култура. Така не може да се развива културата и да се градат културни политики. Од друга страна, оваа година буџетот за култура беше намален бидејќи обврските од претходниот буџет во старт ни изедоа една третина од буџетот за оваа година. Така што проектираните средства кои што во основа не се мали, во старт беа намалени заради пренесените обврски. За следната година буџетот за култура ќе биде поголем, расчистивме долгови, затворивме дупки итн. па така со покомотен буџет ќе работат комисиите и Министерството за култура. Се’ уште трае пандемијата и во такви услови не може да работите како во нормални услови, иако тоа може да биде предизвик за поголема креативност. Затоа ние во општите услови за конкурсот напишавме апликантите да ја земат предвид општата состојба со пандемијата, значи да ги прилагодат проектите, колку што е можно, на условите во кои живееме и работиме“, рече за Утрински брифинг, министерката за култура Ирена Стефоска.

Стефоска: Резултатите од годишниот конкурс на Министерството за култура ќе ги објавиме на 20 јануари, 2022 година

Од 4 октомври до 6 ноември тече рокот за пријавување на годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес за културата за 2022 година. Рокот за пријавување е продолжен, бидејќи оваа година, првпат аплицирањето се одвива преку електронски пат

„Се извинив за долгогодишните чекања и редици пред Министерството за култура, носењето на пријавите на рака. Накратко да илустрирам колку заштедуваме во време и се забрзува целиот процес – лани имавме 6000 пријави, документите се носат рачно, се архивираат рачно, службите ги внесуваат на компјутер пријавите, една по една…И она што е многу важно е што со овој систем на аплицирање, конечно секоја можност за злоупотреба. Секоја година, едни се жалеа дека документите што ги доставиле исчезнале, службите велат – не, или обратно и тоа го слушавме секоја година. Сега електронски, точно ќе се знае што доставиле апликантите и тоа е во посебен фолдер. Секој апликант си добива број и секоја апликација, електронски се архивира во Министерството за култура. Ова ќе го забрза процесот и очекувам до 20 јануари, идната година да излеземе со конечните резултати од конкурсот. Комисиите веќе работат со националните институции и по завршувањето на конкурсот продолжуваат со другите корисници“, рече министерката за култура Ирена Стефоска за Утрински брифинг.

Притоа таа ги замоли сите заинтересирани да аплицираат на Годишниот конкурс да не го чекаат последниот рок, затоа што системот тоа не може да го издржи.

Стефоска: Несфатливо е како можела Комисијата за денационализација да реши да се отуѓи Албанскиот театар за деца, иако е дел од споменична целина

По веста дека Исламската верска заедница ја презела сопственоста врз објектот на Албанскиот театар за деца и млади во Старата скопска чаршија, иако во 2020 година театар бил прогласен за национална установа, министерката за култура, Ирена Стефоска вели дека е несфатливо како Комисијата за децаниолизација на можела да донесе такво речение.

„Објектот на Албанскиот театар за деца и млади е дел од споменичната целина Стара чаршијата, културно наследство од големо значење и по тој основ не може да се отуѓува, убаво си стои во Законот за денационализација и второ, тоа е објект од јавен интерес. Она што исто така ми е несфатливо е како можел државниот правобранител, кој што е адвокат на државата и го штити државниот имот, да не го обжали решението на Комисијата. Тој по службена должност е должен да го обжали тоа решение, независно какво е тоа. Ведаш штом разбравме за ова, како Минитерство побаравме и упативме дописи до правобранителот веднаш да постапи, но и после неколку барања – тој не постапува. Исто, несфатливо ми е како можела Комисијата за денационализација да не побара консултации со Министерството, со Градскиот конзерваторски центар, кој што е одговорен за чаршијата, со Управата за заштита на културното наследство.

Културното наследство е темелна вредност запишана во Уставот, никој не ја оспорува и приватна сопственост, но овде има голема разлика, бидејќи Театарот е од јавен интерес и дека дел од Чаршијата, културно наследство од големо значење. Пост фестум ние веднаш реагиравме како Министерство за култура, информирана е и владата, се преземаат сите чекори и јавноста ќе биде информирана. Министерството влоѓуваше напори тој Театар и кадровски и инфраструктурно да се екипира, државата вложувала во него, но сега сето тоа е сопрено.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + seventeen =