Милошевска во УБ: Ова е сѐ уште мачо општество, мора да го искорениме балканското

You must need to login..!

Опис

Има некакво поместување во однос на правата на жената, но се уште има уште многу работа за жената да го добие заслужениот статус.

Милошевска

Претстедателката на здружението „Женска акцијаДрагица Милошевска смета дека системот потфрлува кога се во прашање правото на здравствена заштита на жената како и семејното насилство.

„Жена треба да пријави 10 пати во полиција, за да преземат нешто. Маж еднаш ако пријави веднаш доаѓаат“, вели Милошевска.

Според неа тоа е одраз на „мачо-мен“ општеството и дека е крајно време да се искорени „балканизмот“.

Што се однесува до празникот на жената, Милошевска смета дека 8 март треба да биде неработен ден. Смета и дека треба да се направи ревизија на останатите неработни денови.

Во рамки на разговорот линковски се вклучи Насер Селмани од скопска Шутка. Таму разговараше со претставничка на ромското женско здружени за старо-новиот проблем: Немање гинеколог во оваа општина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 1 =